Колумбискиот голман Давид Оспина потпиша договор со клубот од Саудиска Арабија Ал-Наср, соопшти прес-службата на тимот. Голманот ќе биде дел од оваа екипа во наредните две години според договор.
Претходно интерес за 33-годишниот колумбиски голман кому му заврши договорот со клубот покажаа Реал Мадрид и Атлетико Мадрид,.
Минатата сезона Оспина имаше 13 суви мрежи во 31 натпревар од шампионатот во Серија А. Имаше и една средба во Купот на Италија и една во Лига Европа. Освен за Наполи, Оспина играше и за колумбискиот Атлетико Национал, Ница и Арсенал. Како дел од италијанскиот тим настапуваше од сезоната 2018/19.
Покрај тоа, од 2007 година голманот настапува и за репрезентацијата на Колумбија. За тоа време Оспина одигра 124 натпревари.

