Манчестер Јунајтед забележа импресивна победа над Ливерпул во неофицијалното деби на менаџерот Ерик тен Хаг на чело на „црвените ѓаволи“. Во контролата одиграна во Бангкок, тимот од „Олд Трафорд“ го совлада вечниот ривал со 4:0.
Рекордното засилување на Ливерпул, Дарвин Нуњес имаше неофицијално деби за „црвените“. Манчестер тргна со скоро најдобриот тим и уште во првиот дел постигна три гола преку Џејден Санчо, Фред и Ентони Марсијал.
Конечните 4:0 беа дело на Факундо Пелистри.