Рафиња денеска ќе одлета за Шпанија за да ја финализира преселбата од соништата во Барселона.
Синоќа се дозна дека Лидс ја прифатил понудата на Каталонците за Бразилецот, кој вложи максимални напори да се пресели на „Камп Ноу“ и покрај тоа што Челзи беше многу заинтересиран за него.
Шпанскиот клуб за Рафиња ќе плати 58 милиони евра плус бонуси, со кои сумата може да се искачи на 67 милиони. Договорот на крилниот напаѓач ќе биде до јуни 2027 година.

Според „Спорт“, Барселона денеска ќе го објави трансферот на Рафиња, а во петок тој официјално ќе биде претставен на „Камп Ноу“.
Откако го финализираа неговиот трансфер, Каталонците сега ќе се обидат да го доведат до успешна завршница и трансферот на Роберт Левандовски. Од „Камп Ноу“ веруваат дека можат да го затворат овој договор до крајот на неделата.
Сето ова на Чави Ернандез ќе му даде многу повеќе офанзивни можности, особено што клубот во секој момент треба официјално да го објави новиот договор на Осман Дембеле.

