Роберт Левандовски чека Баерн да го потврди неговото заминување во Барселона. Напаѓачот се врати на тренинзите на клубот од Минхен, но не би сакал да присуствува на состанок со членовите на Баерн во сабота, а следниот понеделник да оди на турнејата во САД.
Барселона му вети на Левандовски дека нема да мора да го прави тоа. Извори од Полска велат дека напаѓачот сакал да се збогува со соиграчите од Баерн пред трансферот во каталонскиот клуб оваа среда.
Зделката се проценува на 40-50 милиони евра, но Барса верува дека веќе го постигнала својот главен успех, принудувајќи го Баерн да се откаже од ставот дека Левандовски не е на продажба.

