Чилеанскиот играч за врска Артуро Видал (35) фудбалската кариера ќе ја продолжи во бразилски Фламенго, со кого потпиша договор до декември 2023 година.
„Денеска ми се остварија соништата кои ги имав цел живот“, објави Видал на Инстаграм. Во Фламенго дојде како слободен играч од Интер, каде ги мина последните две сезони.
Кариерата ја започна со чилеанскиот Коло-Коло, а во 2007 година замина во Европа, прво во Баер Леверкузен, а потоа играше и за европските гиганти Јувентус, Баерн, Барселона и Интер
