Денеска во Охрид започна Државното првенсто во пливање во организација на Национална пливачка федерација на Северна Македонија и ПК Акваспирит- Охрид.

На свеченото отворање присутните ги поздравија претседателот на Националната пливачка федерација г-н Горан Стојановски и градоначалникот на Охрид, г-н Кирил Пецаков.

Летното државно првенство се реализира на отворениот базен- Биљанини извори –Охрид со учество на 17 пливачки клубови од Република Северна Македонија. 300 пливачи ќе се натпреваруваат во 22 дисциплини, во пет категории машки и женски.


