Во случај на елиминација од Динамо Загреб, екипата на Шкупи ќе ги продолжи настапите во Европа , но сега во Лигата на Европа и тоа во третото квалификациско коло.
Денешната ждрепка сакаше, Шкупи доколку се најде во ЛЕ, за ривал во третата рунда да го имаат поразениот од двомечот меѓу Лудогорец и Шамрок.
Неверојатно е тоа што ждреплката сакаше победниците на овие два двомеча да играат во 3.квалификациско коло во ЛШ, а поразените во 3.квалификациско коло во ЛЕ.
Натпреварите од 3.квалификациско коло во Лигата на Европа се закажани за 4 и 11 август.

