Фудбалскиот клуб, Шахтјор Доњецк, бара од ФИФА отштета од 50 милиони евра поради неуспешните трансфери.
Документите се доставени до Судот за спортска арбитража (CAS), кој ќе ја донесе конечната одлука. Минатиот месец ФИФА одлучи да ги суспендира договорите на фудбалерите од руските и украинските клубови за период од една година.
Клубот има 14 странци и тврди дека е во голема загуба поради незавршените трансфери. Вкупната сума е точно 50 милиони.

