Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг ќе оствари личен состанок со напаѓачот Кристијано Роналдо и ќе разговараат за неговата иднина. Тренерот сепак одбива да ја одобри продажбата на Португалецот.
Манчестер Јунајтед се уште е многу јасен во својата позиција, а клубот инсистира дека Роналдо не е на продажба и дека навистина сака да го задржи. Ерик тен Хаг со нетрпение очекува уште една средба лице в лице со Кристијано и неговиот агент Хорхе Мендеш за да разговараат за иднината на играчот.
Ерик Тен Хег смета дека првиот разговор што се случи откако беше назначен за тренер беше многу добар“, изјави новинарот Фабрицио Романо. Португалецот три години помина во Јувентус, а потоа се врати во Манчестер Јунајтед.

