Фудбалерот, Роберт Левандовски, кој деновиве го напушти Баерн Минхен и потпиша договор за наредните четири години со Барселона, вели дека Баварците и без него ќе имаат одлична офанзивна линија.
„Нападот на Баерн е спектакуларен. Одредени фудбалери сега ќе можат да даваат повеќе голови“ – вели полскиот интернационалец.
Ќе потсетиме дека трансферот на врвниот голгетер од Германија во Шпанија е 50 милини евра со тоа што пет се предвидени како бонуси.

