Најтрофејниот фудбалскисостав во Македонија, ФК Вардар, денеска го слави 75 роденден.
Клубот е формиран на 22 јули 1947 година со фузија помеѓу тогашните клубови Победа и Македонија.
Вардар беше шампион на Југославија во сезоната 1986/87, освојувач на Купот на Југославија во 1961 година, 11 пати првак на Македонија и пет пати освојувач на националниот Куп.
„Црвено-црните“ се првите претставници на нашава земја во европските купови и единствени што играле во групната фаза од Лига Европа.

