Македонската најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа, ја совлада Ема Наваро со 2-0 во сетови и си обезбеди место во полу-финалето на ИТФ-турнирот што деновиве се реализира во чешкиот град Оломуц.
Американката не успеа да го издржи налетот на Ѓорческа која првиот сет го доби со 6-4 а вториот со 6-2.
Ѓорческа утре за место во финалето ќе игра со Русинката, Дарија Астакова. Во второто полу-финале ќе играат Нахимана од Бурунди и домашната тенисерка, Бејлек.