Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, обезбеди финале на турнирот во Оломуц (Чешка).
Таа денеска ја победи Русинката, Дарја Астахова со 2-1 во сетови: 6-2, 3-6, 6-3. Ѓорческа утре во битката за пехарот ќе игра против домашната претставничка Сара Бејлек која е 181-во рангирана на ВТА.
Бејлек во текот на денов во два сета ја совлада Сада Нахимана од Бурунди.