Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта зборуваше за иднината на својот фудбалер Френки де Јонг.
„Френки де Јонг е играч на Барселона и многу ни се допаѓа. Добивме неколку понуди за него, но се уште не сме ги прифатиле, бидејќи сакаме да разговараме со него и да дознаеме што точно сака. Треба да разјасниме некои аспекти од неговата ситуација“, изјави Лапорта.
Беше објавено дека 25-годишниот играч од средниот ред би можел да се пресели во Манчестер Јунајтед или Челзи.

