Тренерот на Волфсбург, Нико Ковач, вели дека треба да се намали бројот на фудбалери во неговиот тим и тоа пред крајот на преодниот рок на 1 септември.
Популарните „волци“ новата сезона ја започнуваат во наредниот викенд со мечот против Јена во рамките на првиот круг од Купот на Германија.
„Имаме голем тим, навистина голем. Морам да го намалам“ – изјави Ковач кој му се приклучи на Волфсбург кон крајот на месец мај.

