Фудбалерот, Жил Кунде, ќе го облече дресот на Барселона откако Севилја ја прифати последната понуда на Каталонците во висина од 50 милиони евра и дополнителни 10 во форма на бонуси.
Одличниот дефанзивец иако имаше понуда од Челзи, сепак ќе заигра на стадионот – „Камп Ноу“.
Практично пресуди неговата желба да биде дел од шпанскиот фудбалски гигант.

