Тренерот на фудбалерите на Шкупи, Гоце Седлоски, очекува голема поддршка од трибините на утрешниот реванш со Динамо Загреб во квалификациите за Лигата на шампионите. Мечот од второто коло ќе биде реализирана од 21.00 часот на Арената во Скопје.
„Не чека тежок дуел, тие 2:2 од Загреб не смеат да не залажат. Сите знаеме кој е Динамо Загреб и што направил во Европа. Се подготвуваме максимално “ – рече Седлоски.
„Никогаш не се браниме, публиката ќе биде со нас и ќе дадеме се за да победиме. Мораме да корегираме одредени слабости од првиот меч“ – потенцираше Седлоски на средбата со новинарите.