Екипата на Бордо, која минатата сезона играше во Лига 1 во Франција, но административно беше испратен во Националната (трета лига), сепак може да се врати во Лига 2, каде што испадна по спортски пат, објави агенцијата „Франс прес“. Клубот доби поволно мислење од Францускиот олимписки комитет, а случајот во среда ќе го разгледува федерацијата.
Шесткратниот француски шампион, кој има сериозни финансиски проблеми, сепак може да игра во втората лига благодарение на советниците од Олимпискиот комитет кој ја повика „Фудбалската федерација да ја преиспита својата одлука од 5 јули 2022 година“. Доколку Извршниот комитет на Федерацијата се предомисли, Бордо би можел да ја започне новата сезона со меч против Валенсиен викендов. На клубот му помогна и трансферот на напаѓачот Секу Мара, кој на крајот на минатата недела беше продаден на англискиот Саутемптон за 13 милиони евра.
Веќе неколку недели челниците на Бордо повторуваат дека испраќањето на тимот во третата лига е еднакво на потпишување на посмртница на некогаш славниот клуб.

