Фудбалерите на Шкупи вечерва го пречекуваат Динамо Загреб во реванш натпреварот од втората квалификациска рунда за Лигата на шампионите и на домашен терен имаат шанса да ја направи најголемата сензација во својата историја и воедно да го донесат најголемиот успех.
Никогаш досега Шкупи не играл против вака голем клуб и не извлекол вака добар резултат (2:2). Ремито на „Максимир“ несомнено е најголем европски резултат на тимот од Чаир, а евентуална победа на домашен терен на Арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе биде рамна на фудбалска сензација, рамна на онаа што Вардар ја направи против Фенербахче во 2017 година кога тимот влезе во групите на Лигата на Европа. Македонскиот шампион одигра храбро во Загреб. Не се плашеше од противникот и ги казни двете дефанзивни грешки. Куевен и Цефас беа стрелци на головите за Шкупи, а се за натпреварот во Скопје се подготвува тактика за ново изненадување.
На реваншот во Скопје, Шкупи нема да може да смета на Данфа кој се пожалил на повреда на последниот тренинг. Останатите се подготвени за настап. Анте Чачиќ, пак, штедеше сили кај Динамо ама и покрај тоа го декласираа Славен Белупо (5:1) пред мечот на сезоната Скопје.
Натпреварот Шкупи – Динамо Загреб се игра вечерва од 21 часот во Скопје на Арената „Тодор Проески“.

