Првиот човек на фудбалскиот состав Лестер, Ајават Шривадханапраба, изјави дека „лисиците“ не добиле барање за трансфер на Јури Тилеманс. 25-годишниот Белгиец треба да ја одработи последната сезона од договорот.
„Досега немаме добиено никакви понуди, ништо конкретно или каков било предлог , рече Ајват.
Тилеманс кој беше купен во 2019 година од екипата на Монако, за англискиот состав има одиграно 107 мечеви постигнато 15 голови.

