Луѓето од Рајо Валјекано, испратиле понуда до бразилскиот напаѓач, Диего Коста, кој си замина од Атлетико Минеиро и во моментов нема клуб.
Преговорите меѓу двете страни течат според очекувањата и нема да биде изненадување доколку пргавиот напаѓач му стане соиграч на нашиот репрезентативец, Столе Димитриевски.
Доколку трансферот се реализира, Коста ќе се врати во Примера Дивизион. Тој претходно во Шпанија ги бранеше боите на Атлетико Валјадолид, Селта и Атлетико Мадрид.