Иако Брајтон ја одби првата понуда од 32 милиона фунти за Марк Кукуреја, луѓето од Манчестер Сити не се откажуваат од намерата да го ангажираат 24-годишниот Шпанец.
Познато е дека Брајтон бара околу 50 милиони фунти за фудбалерот што значи дека тимот од „Етихад“ ќе мора драстично да ја зголеми понудата.
Кукуреја имаше одлична прва сезона на стадионот Амекс, забележа 38 настапи со 1 гол и 2 асистенции. Тој беше прогласен за играч на сезоната во клубот.

