Ливерпул и Јувентус преговараат за трансфер на бразилскиот напаѓач Роберто Фирмино. Според „Calciomercato“, двете страни не можат да се договорат за сумата.
Ливерпул очекува да заработи најмалку 30 милиони евра за Бразилецот, а Јувентус на англискиот клуб му понуди 18 милиони евра и бонуси, кои ќе зависат од понатамошниот настап на напаѓачот. Но, Ливерпул не се согласува на таква шема.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е подготвен да го пушти играчот да си оди. Но, управата на клубот бара купувачот да даде задоволителна понуда и покрај тоа што Фирмино има уште само една година од договорот. Јувентус најверојатно нема да се согласи со условите на англискиот клуб и инсистираат на предложената сума и не планираат да ја зголемуваат.

