Тренерот на Македонија Ѓорче Петров – Муарем Бајрами изјави дека ЦСКА – Софија останува фаворит за реваншот од второто прелиминарно коло од Конференциската лига. Натпреварот е утре од 19 часот на стадионот „Бугарска армија“, а првиот меч заврши 0:0.
„Повторно ќе кажам дека ЦСКА е фаворит. Тоа е силен тим, иако не е во најдобра форма, имаат нов тренер со нови идеи“, рече Бајрами на прес-конференцијата пред натпреварот. Бајрами е уверен дека македонскиот тим ќе пружи сериозен отпор на ЦСКА СОфија на утрешниот меч.
„Во Скопје одигравме силен натпревар, дисциплиниран и тактички коректен. Утре имаме поинаков натпревар, но искрено верувам во моите момци и сигурен сум дека и утре ќе настапиме на ниво. Почнуваме со 0:0 и на крајот ќе видиме кој ќе продолжи“, рече Бајрами.

