Дефанзивецот на Фиорентина, Никола Миленковиќ е блиску до продолжување на договорот со клубот, тврди познатиот италијански инсајдер Николо Шира.
Според изворот, виолетовите сакаат да ја зголемат платата на играчот на 3,5 милиони евра годишно. Договорот кој би го потпишале ќе биде со важност до летото 2025 година. Да потсетиме дека актуелниот договор на Србинот со Фиорентина истекува во 2023 година, а според истиот дефанзивецот заработува по 2,2 милиони евра.
Никола Миленковиќ потекнува од школата на Партизан. Во 2017 година, Миленковиќ се пресели во италијанска Фиорентина за време на летниот преоден рок. Трансферот изнесуваше 5,1 милиони евра. На 22 декември 2017 година, Миленковиќ дебитираше за Фиорентина на мечот со Каљари (1:0).
Во последната сезона од Серија А, Србинот одигра 34 натпревари, на кои го постигна единствениот гол против Рома (1:3).