Манчестер Јунајтед повторно ја разгледува можноста да го привлече напаѓачот на Пари Сен Жермен Нејмар, тврди „Мирор“. Се шпекулира дека Бразилецот ќе биде замената на Кристијано Роналдо.
Се чини дека 37-годишниот Португалец нема да остане на „Олд Трафорд“ во новата сезона и поради ова клупските газди веќе работат на пронаоѓање на нов напаѓач кој ќе го заземе неговото место. Во вторникот имаше средба меѓу Роналдо и челниците на „црвените ѓаволи“, но се чини дека таа не заврши позитивно, а фудбалерот уште еднаш изјави дека сака да си замине. Тој га пропушти претсезонската турнеја во Австралија и продолжува да тренира одвоено од соиграчите, што е јасен знак за неговите намери. Во исто време, неодамна се појавија гласини дека Пари Сен Жермен е подготвен да го продаде Нејмар ова лето.
Така, Манчестер Јунајтед може да ја искористи ситуацијата и да достави понуда за Нејмар до крајот на преодниот рок. Сепак, Бразилецот не е единствената опција за „црвените ѓаволи“, бидејќи клубот се насочи кон уште тројца напаѓачи. Тоа се Висам Бен Једер од Монако, Иван Тони од Брентфорд и Саша Калајџиќ од Штутгарт.

