Олимпик Марсеј се надева дека ќе успее со потписот на дефанзивецот на Арсенал, Вилијам Салиба, пренесува „L’Equipe“.
Претседателот на францускиот клуб Пабло Лонгорија се сретна со агентот на 21-годишниот фудбалер и верува дека играчот ќе се врати во Лига 1. Дефанзивецот е во Арсенал од летото 2019 година, но се уште нема одиграно ниту еден натпревар за тимот. За тоа време играше како позајмен во Сент Етјен, Ница и Олимпик Марсеј.
Во сезоната 2021/22, Салиба одигра 36 настапи во Лига 1 за францускиот тим и затоа од клубот сакаат да го имаат со постојан договор и во нивна сопственост.

