Фудбалерите на Шкнедија влегоа во третата елиминациска рунда во Конференциската Лига откако и во реваншот го совладаа тимот на Валемирас со 3 спрема 1.
По првата победа од 2-1 на теренот на противникот, избраниците на Шаќири денеска и во Скопје покажаа дека се подобар тим и го продолжија европското патување. Головите за домаќинот беа дело на Бејтулаи во 11. минута, Дориев во 33 и Рамадани во 85-та минута. Голот за гостите го постигна Мурата во 25-та минута. Шкендија во наредната рунда ја чека двомечот со АИК од Шведска.
Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров се елиминирани од третото по ранг натпреварување на УЕФА. Тие денеска загубија на теренот на ЦСКА СОфија со 4 спрема 0 што претствува и вкупен резултат бидејќи на првата средба немаше голови. За бугарскиот тим погодија: Матеј, Јомов, Туфекџиќ и Назон.

