Арсенал го именуваше Мартин Одегард за капитен на тимот. Одлуката клубот ја соопшти пред последната контрола на тимот, која денеска е против Севиља.
Одегард доаѓа на местото на Александре Лаказет, кој ги напушти лондончани на крајот од минатата сезона кога му истече договорот. Французинот беше привремен капитен откако на Пјер-Емерик Обамејанг му беше одземена капитенската лента од дисциплински причини на средината на минатата сезона. Одегард има 23 години стана еден од лидерите на Арсенал по неговото пристигнување од Реал Мадрид во јануари 2021 година.
Првично беше позајмен, а потоа стана играч на Арсенал. Тој веќе има 60 натпревари за тимот и девет гола. Од минатата година тој е и капитен на норвешката репрезентација.