Францускиот гигант и шампион ПСЖ сака да го продаде играчот од средниот ред Рафиња Алкантара.
Парискиот клуб за трансферот на 29-годишниот фудбалер бара 5 милиони евра. Според одредени извори, парижаните добиле понуда од бразилските клубови, особено Ботафого , но тие ја одбиле.
Од друга страна интересно е тоа што поранешниот клуб на Рафиња Барселона ќе добие 35% од продажбата на играчот. Втората половина од минатата сезона Рафиња Алкантара ја мина на позајмица во Реал Сосиедад