Фудбалерите на Манчестер Јунајтед денеска загубија од Атлетико Мадрид со 1-0 во пријателски меч одигра на стадионот во Осло а тренерот на англичаните, Тен Хаг, не крие дека е разочаран од резултатот.
„Тимот одигра добро. Создадовме доволно шанси да постигнеме гол но, не успеавме. Им реков на играчите дека е тоа неприфатливо“ – посочи Холанѓанецот.
Манчестер Јунајтед утре ќе има нов контролен дуел против Рајо Ваљекано кој ќе биде одигран на стадионот – „Олд Трафорд“.