Фудбалерите на Ливерпул по пауза од 16 години го освоија трофејот во Комјунити Шилд откако го победија денеска Манчестер Сити со 3-1 на стадионот Кинг Пауер во Лестер.
Тоа е единствениот значаен пехар што го немаше тренерот, Јирген Клоп, откако седна на кормилото на тимот од „Енфилд“. Трент Александер-Арнолд го отвори резултатот во 21. минута а Алварез израмни во 70 –та. На седум минути до крајот Мохамед Салах погоди од белата точка а летното засилување, Дарвин Нуњез, дебитираше со гол во судиското надополнување.
Кај „граѓаните“ првиот официјален меч го одигра Ерлинг Халанд кој промаши две големи шанси.