Ерлинг Халанд вчера дебитираше во дресот на Манчестер Сити. Норвежанецот кој беше дел од екипата која загуби во Комјунити Шилд од Ливерпул со 3 спрема 1, имаше две-три големи промашувања.
Тоа воопшто не влијае кај тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, кој вели дека напаѓачот ќе ги покаже неговите квалитети.
„Се бореше, добро се движеше, беше на позиции. Добро е за него да ја види реалноста во нова земја и во ново првенство“ – потенцираше шпанскиот тренер