Фудбалерот, Садио Мане имаше одлично деби за Баерн Минхен. Тој постигна гол против РБ Лајпциг и се израдува на првиот трофеј во сезоната по убедливата победа од 5:3 во Супер-купот на Германија.
„Многу сум среќен што го постигнав првиот гол за Баерн. Тоа е мој сон. Очекувам уште трофеjи“ – вели Мане.
„ Голема чест е да се игра во Баерн. Мора да бидеме уште подобри и да освоиме многу пехари“ – потенцираше Сенегалецот кој мечот го започна од првата минута.