Челниците на Челзи преговараат со играчот на Лестер, Весли Фофана и со членот на Интер Дензел Демфрис.
„Сините“ по заминувањето на Кристенсен и Рудигер останаа без двајца искусни дефанзивци и тоа мора да го корегираат до крајот на летово. Трансферната сума за Фофана е околу 90 милиони евра додека Интер допрва ќе ја одреди цената за Демфрис.
Ќе потсетиме дека на „Стемфорд Бриџ“ пристигне Калиду Кулибали кој се определи да го напушти Наполи и да заигра во Премиер Лигата.