Напаѓачот на Салцбург, Бењамин Шешко, може да добие понуда да се пресели во редовите на Манчестер Јунајтед доколку англискиот тим се согласи да плати 50-ет милиони евра, објавија медиумите на Островот.
19-годишниот интернационалец од Словенија има договор со австрискиот клуб до 2026 година а за неговите услуги се заинтересирани и луѓето од Челзи.
Младиот фудбалер во претходната сезона постигна 10 гола и направи 7 асистенции.