Шкупи пред денешниот прв натпревар против Шамрок Роверс во третото квалификациско коло во Лигата на Европа, излезе со оопштение и се пожали за добиениот третман во Ирска.
„Нашиот тим е попречен од нормално функционирање на непристоен и измамнички начин. Ирската влада не ја послуша УЕФА и авионот слета на аеродром оддалечен 300 километри од Даблин. Исто така, по натпреварот ќе треба да се враќаме 300 километри и ќе летаме од таму. За жал, тоа не му е направено на ниту еден друг тим освен на македонскиот тим“ – се вели во соопштението на Шкупи.