Германската фудбалска легенда, Карл-Хајнц Румениге, кој на времето настапуваше за екипата на Интер, се осврна на враќањето на Ромелу Лукаку во редовите на миланскиот состав.
„ Добро направи што се врати таму каде што имаше голем успех. Мојот пријател Марота направи голема работа. Го продаде пред една година по исклучителна цена и го врати за речиси ништо“ – нагласи Румениге и направи споредба околу елитните шампионати.
„За жал на Серија А и Бундеслигата, се чини дека Премиер лига е на повисоко ниво. Италија и Германија да се обидат да се доближат до англискиот модел“ – изјави Румениге за медиумите на „Чизмата“.