Гери Невил кој на времето играше со Кристијано Роналдо, не штедеше критки за Португалецот и неговото непрофесионално однесување во текот на летото што максимално ги разочара луѓето од Манчестер Јунајтед.
Невил кој вчера беше во улога на стручен коментатор на дуелот Кристал Палас – Арсенал на стартот на новата сезона во Англија, вели дека однесувањето на Роналдо му прави штета на тимот.
„Разочаран сум од него затоа што направи хаос и дозволи на менаџерот да му се поставуваат непријатни прашања. Можеше сам да излезе на интервју“ – вели Невил.