Уругвајскиот фудбалски голгетер, Едисон Кавани, кој го напушти Манчестер Јунајтед, нема намера да ја прифати понудата на Бока Јуниорс и да се врати во Јужна Америка.
Последните шпекулации велат дека корпулентниот напаѓач може кариерата да ја продолжи во Шпанија во Примера Дивизион. Наводно, за неговиот потпис е заинтересирана екипата на Валенсија.
Клубот од „Месталја“ го остварил првиот контакт со неговиот агент задолжен за трансфери.