Италијанскиот фудбалски состав Интер, објави дека споогодебно го раскина договорот со напаѓачот, Алексис Санчез.
-Клубот сака да му се заблагодари на Алексис за неговите три сезони кои кулминираа со освојување на три трофеи, – стои меѓу другото во кусото соопштение на клупската веб-страница.
Чилеанецот има богата кариера во Европа бидејќи ги носеше дресовите на Удинезе, Барселона, Арсенал, Манчестер Јунајтед и во псоледните три сезони на Интер.