Фудбалерот, Мемфис Депај, во текот на летово ќе ја напушти Барселона и ќе потпише за Јувентус, најавија денеска медиумите во Италија.
Поранешниот напаѓа на Лион, ПСВ и Манчестер Јунајтед, има отворена врата да го напушти „Камп Ноу“. 28-годишниот фудбалер добива плата од 5 милиони евра што е прифатливо за екипата од Торино.
Холанѓанецот за Каталонците одигра 36 средби со ефект од 13 гола.