Челниците на фудбалскиот состав Милан не се откажуваат од идејата да го ангажираат Хаким Зијаш, кој не влегува во плановите на тренерот на Челзи, Томас Тухел.
Италијанскиот состав сака да го земе брзоногиот играч на позајмица за една сезона. 29-годишниот интернационалец од Мароко во претходната сезона имаше 44 мечеви во сите конкуренции на кои постигна само осум голови.
Поранешниот играч на Ајакс има договор со „сините“ до 2025 година.