Македонската машка кошаркарска репрезентација деновиве во Маврово се подготвува за дуелите со Данска и Словачка на стартот на претквалификациите за Европското првенство. Нашиот крилен играч, Бојан Крстевски, не крие дека е оптимстички расположен.
„Се надевам дека ќе ги поминеме овие претквалификации. Словачка ни е добро позната, во неколку наврати имаме играно и имаме позитивен ефект, се надевам дека така и ќе продолжи“ – потенцираше Крстевски.
„ Данска и Норвешка можеби не звучат атрактивно, но, не може да се потценат, затоа што денес сите играат кошарка. Одиме чекор по чекор и се надевам на позитивен исход“- изјави Крстевски за сајтот на КФСМ.