Според германскиот новинар Флоријан Плетенберг, македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов до петок треба да направи трансфер во белгискиот фудбалски гигант Андерлехт. Во објавата на новинарот на германски „Скај Спорт“, Чурлинов веќе ги договорил личните услови од договорот со Андерлехт кој ќе биде со важност до 2027 година.
Сега се останува меѓу двата клуба, кои треба да ја договорат цената на трансферот. Штутгарт ќе бара 4-5 милиони евра за Чурлинов и нема да попушти на помала понуда, како што беше онаа од Барнли во висина од 3 милиони евра.