Ѕвездата на Сасуоло, Доменико Берарди, ќе добие значително покачување на платата и ќе остане во клубот до 2027 година, објавија медиумите во Италија.
Фудбалерот во изминатата сезона забележа 33 натпревари и постигна 15 голови во Серија А. Според специјализираниот сајт „Transfermarkt“ неговата цена е околу 35 милиони евра.
За потписот на Берарди беше заинтересиран тимот на Јувентус.