Фудбалерот, Алексеј Миранчук, денеска треба да ги помине лекарските прегледи и да потпише за екипата на Торино.
Русинот на негово инсистирање ја напушти Аталанта за да може да добие поголема минутажа во нов тим. Офанзивниот играч за врска беше купен од Локомотив (Москва) во 2020 година.
Тој одигра 56 натпревари и постигна 9 голови за екипата од Бергамо, но, немаше загарантирано место во првите единаесет.