Пари Сен Жермен се сретнал со агентот на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, објави весникот „Л’Екип“.
Фудбалерот е мета на шампионите на Франција кои сакаат да ја комплетираат фазата на нападот со негово доведување уште ова лето.
Мауро Икарди веќе е на заминување од „Паркот на принцовите“ каде ќе остави големи празнини во напаѓачкиот ред, па оттука, ПСЖ итно бара негова замена.
Рашфорд немаше добра сезона со „црвените ѓаволи“ и не може да се исклучи неговото заминување од „Олд Трафорд“, иако дел од медиумите велат дека тоа во овој момент изгледа како невозможна мисија.