Екипата на Шкупи во последната битка до групната фаза од Конференциската лига на УЕФА за противник ќе го има косовскиот шампион Балкани. Синоќа во реванш натпреварите од 3. квалификациско коло, Балкани по подобро изведување на пенали успеа да се пласира во плеј-оф колото откако беше подобар од тимот на Клаксвик.
Чаирчани ќе бидат домаќини на првиот меч на 18 август, додека реваншот ќе се игра на Косово седум дена подоцна.