Џовани Симеоне и Танги Ндомбеле се најновите засилувања на фудбалскиот состав Наполи. Синот на прославениот Диего Симеоне, доаѓа од Верона на позајмица за 3,5 милиони евра а наполитанците имаат опција да го купат за дополнителни 12 милиони евра.
Аргентинецот во претходната сезона постигна 17 голови во Серија А. Во Наполи ќе игра и Танги Ндомбеле.
Французинот ќе дојде како позајмен од англискиот Тотенхем. Тој минатата сезона времено играше за Лион.